БРАВО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Двојно зголемен буџетот за ретки болести

Објавено на 23.12.2019 во 20:41:01 часот | Македонија

Покрај воведувањето на нови шест лекови за пациентите со ретки болести, воспоставувањето на електронски регистар за оваа група на пациенти, исто така во континуитет го зголемуваме и буџетот за ретките болести.

Во 2020 година, предлог-буџетот за ретките болести го дуплиравме и предвидено е да изнесува 527 милиони денари. Додека пак, во 2017 година, тој изнесувал 213 милиони денари. Водиме вистинска грижа за нашите пациенти.
 
 
 
Во 2018 година, воспоставивме електронски регистар за пациентите со ретки болести.
 
Регистарот ги содржи сите основни информации за пациентите заболени од ретки болести, нивната дијагноза, потребната терапија, соодветната клиника на која се лекуваат, како и лекарот кој ги лекува.
 
 
 
Изготвивме Национална Стратегија за ретки болести на Република Северна Македонија 2020-2030, во соработка со Фондот за здравствено осигурување, МАЛМЕД, Министерството за труд и социјална политика, граѓанските организации и со пациентите со ретки болести.

Овој 10 годишен документ ќе биде даден на усвојување од страна на Владата и ќе стане стратешки документ за планирање и имплементација на системски решенија за пациентите со ретки болести.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет