Владата ја казни директорката на МНТ поради инцидентот со „Шверцери“

Објавено на 25.12.2019 во 10:57:58 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

Директорката на Македонски народен театар (МНТ) Симона Угриновска во наредните три месеци ќе прима плата пониска за 15 проценти, како казна поради инцидентот со навивачката група „Шверцери“ за време на одбележувањето на Денот на албанската азбука.

На денешната владина седница, како што соопштија од владата, е усвоена информацијата за настанот од 23 ноември оваа година, кога во МНТ беше организирана прослава по повод јубилеј на навивачката група „Шверцери“. Владата, како што се наведува во соопштението,  го задолжи Министерството за култура, во соодветна постапка, да ѝ наложи на директорката на МНТ од организаторите на настанот да побара надомест на штетата направена за време на настанот, а на директорката да и биде изречена казна со намалување на платата за 15 проценти во траење од три месеци затоа што направила пропуст и дала согласност за отстапување на МНТ без писмен договор.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет