(ВИДЕО) ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ЈА ОТВОРИ 2020-ТА СО ДОБРИ ВЕСТИ: НАД 60.000 ГРАЃАНИ ЈА ДОЧЕКАА НОВАТА 2020 ГОДИНА ВО СКОПЈЕ СО СПЕКТАКУЛАРНО ШОУ НА ДИНО МЕРЛИН

Објавено на 01.01.2020 во 23:21:44 часот | Македонија

Во организација на Град Скопје, над 60 000 граѓани од земјава и од странство ја дочекаа Новата 2020 година во главниот град на плоштадот „Македонија“ со неверојатно шоу и вонвременските хитови на големата музичка ѕвезда, Дино Мерлин.

Веселата атмосфера со пеењето на неговите хитови на новогодишната ноќ дополнително ја кренаа сценските ласери и повеќеминутниот огномет со кои се означи почетокот на новата година. Граѓаните во весело расположение си посакаа многу среќа, добро здравје и успеси во Новата 2020 година.

Градот Скопје и тимот на Дино Мерлин Ви посакуваат среќна и бериќетна Нова 2020 година исполента со добро здравје, многу љубов и голем успех.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет