Масовниот новогодишен концерт на Дино Мерлин во Скопје не е само обичен музички спектакл, тоа е една фина симболика на ЗАЕВИЗМОТ, навестува голема победа на Зоран Заев на 12-ти април!

Објавено на 02.01.2020 во 09:20:50 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Не е Цеца која е омразена кај Албанците и Босанците па и Турците затоа што потсетува на Аркан и неговите велико-српски четнички етнички чистења.

Не е Северина која пак потсетува на Хрватските злодела, иако Северина со ништо не е поврзана со тоа, но самиот факт дека е Хрватска национална певица потсетува на Олуја каде беа избркани 250 000 Срби...

Вака со босанецот Дино Мерлин на едно место ги собираш сите, никој не може да му најде маана на човекот, сплотени Македонци, Албанци, Босанци, Турци, Роми, Срби сите заедно играат и се веселат...

Можеби само ВМРОНИТЕ мрчат но затоа што знаат што симболизира Дино Мерлин - една симпатична емоција и тага за Југославија, и неговите фанови се баш најголеми југо-носталгичари.

Но тоа е и најголемиот успех на Зоран Заев и неговиот ЗАЕВИЗАМ, успеа да го врати сонот за братството и единството во Македонија, во најубавиот замислен облик.

Каде за македонец политичар гласаат Македонци, Албанци, Босанци, Торбеши, Турци, Роми, Власи, Срби и си го сметаат за СВОЈ премиер, свој преставник, своја икона политичка, тоа е нешто неверојатно!

Затоа главните новинарски пера на ВМРО ДПМНЕ побрзаа да го исплукаат концертот на Дино Мерлин уште пред да се случи, знаат што тој навестува, една голема победа на 12-ти април.

Има во земјава една хемија околу Зоран Заев, Заевизмот е новото братство и единство и тоа ќе треба да се или растури крваво со некакви терористички акции и многу црна порпаганда или ќе треба да се фатат сите за орото и да го играат.

ВМРО ДПМНЕ уште се чуди што да прави и кој правец да го фати, а додека се чуди, СДСМ ќе победува!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија