Сториите на ИРЛ против Азманов, Чифлиганец и останатите градежници се клеветнички, еднострани и нефер

Објавено на 02.01.2020 во 11:29:07 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ги прочитав сториите на ИРЛ за градежниците кои граделе во Карпош и ги изгледав видеата.

Имав чувство како колегите новинари да правеле сторија за криумчари на бело робје, нарко картел или нешто пострашно како на пример некаква мрежа педофили...

За колегите од ИРЛ градењето згради во Скопје е рамно на некаков подмолен злостор од епски размери.

За нивната психа, кога ќе видат зграда како се гради изгледа им се истураат цревата, како да гледаат некаков епски злосторинички чин каде една прекрасна ливада каде требало да пасат крави и кози се претворила во прекрасна зграда со убави тераси, деловен простор со прекрасен маркет, ресторан, банка итн итн, сето тоа за психата на колегите од ИРЛ е рамно на холокауст, геноцид, чин на педофилија...

Слушнете го само речникот кој се користи во сторијата - ГРОБАРИТЕ НА КАРПОШ, ГРАДЕЖНА МАФИЈА, ТАЈКУНИ, итн итн зборови кои алудираат на нешто подмолно расипано гнасно опасно за општеството.

Јас пак сум во групата на новинари кои градежништвото, градењето згради во Скопје не го сметам за нешто расипано, злобно, опасно, штетно. Напротив, кога ќе видам нова зграда се воодушевувам, се радувам, ги замислувам новите станови, новите дуќани, среќните фамилии кои живеат во тие станови, среќните работници кои работат во новите деловни простории, среќните изведувачи, архитекти, работници, изведувачи на разна инсталација, плочкарите, мајсторите кои земале стотици дневници за да се изградат тие објекти...

Среќните работници во салоните за мебел, бела техника, градежни материјали...

Среќните иматели на градежни парцели кои успеале ливадите да ги претворат во станови, стотици илјади евра со кои ќе си купат нешто, ќе се прошетаат, ќе заштедат за децата, ќе си ги образуваат децата...

Капитализмот е прекрасен систем каде што сите имаат корист. И оние кои немаат станови сега имаат квалитетен избор, банките ќе поделат кредити и ќе заработат, акционерите на тие банки ќе добијат дивиденди...

Треба да престанеме да ги шиканираме градежниците како некакви мафијаши апаши и зликовци. Тоа се луѓе кои делат плати плаќаат даноци и комуналии од кои општините потоа градат улици, градинки и школи.

Каква е оваа параноја и страв и гнев кон оние што градат?! Дали се нервираме што имаат големи профити и возат јаки коли? Па тие не се единствени, ајде тогаш да почнеме една негативна кампања против сите дурги сектори, како телекоми, банки, маркети, па дури и телевизии и медиуми и тоа е профитабилен бизнис, ајде све тоа да укинеме затоа што имало добра заработка?!

За сите тие сектори може да се најде некаква замерка и штетност, но мора да се гледаат и позитивните аспекти и доброто што го прават. Инаку и колите и авионите и телекомите и маркетите и сите други индустрии и бизниси загадуваат и прават штета, но има и корист од секоја од нив и треба да ја гледаме големата слика.

Треба ли Скопје да нема градежна индустрија? Нели треба Скопје да се развива? Каде ќе живеат нашите деца? Нели треба тие да си имаат свои домови и да оформат семејства за едно 10- 20 години од сега или треба да останат вечни деца и да живеат со нас до крајот на нашите животи и тек тогаш да се женат кога ние ќе цркнеме и ќе го ослободиме станот?!

Не знам какви се овие луди тези на колегите фанатици од ИРЛ?!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија