УШТЕ ЕДЕН КАДАР НА ХОРХЕ ВО ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА: Мицкоски го предлага разузнавачот Наке Чулев за нов технички министер за внатрешни работи, СДСМ го прифати!

Објавено на 02.01.2020 во 18:07:01 часот | Македонија

Откако СДСМ го одби армискиот полковник Драган Ковачки за технички министер за внатрешни работи, ВМРО-ДПМНЕ сега за ова позиција го предлага разузнавачот Наќе Чулев, кој беше директор на Агенцијата за разузнавање од 2013 до 2017 година, велат од опозициската партија.

Од 2017-та до 2019 година, тој беше помошник на директорот на Агенцијата за разузнавање, а моментално работи во Директоратот за разузнавање на меѓународен тероризам и организиран криминал во рамки на агенцијата.

Чулев, кој е дипломиран криминалист, поминал низ програмата за тероризам и безбедносни студии Џорџ Маршал, Европски центар за безбедносни студии од Германија и Лондон Велика Британија, а завршил обука и на Трансатланската академија (ТАСА) на Универзитетот Бон во Германија.

СДСМ го прифаќа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ разузнавачот Наке Чулев да биде технички министер за внатрешни работи во пржинската влада.

„Со овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ, не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице и не е под обвинение. Со тоа се исполнети условите предлогот да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април“, соопштија од владејачката партија на Зоран Заев.

Претходно, социјалдемократите го одбија првичниот предлог на ДПМНЕ технички министер да стане армискиот полковник Драган Ковачки.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет