ПА ЗАРЕМ Е МОЖНО ВО ВМРО ДА НЕМА ПОШТЕН ЧОВЕК КОЈ НЕ Е НАФАТИРАН КОРУМПИРАН НАЧАЛНИК: Непријатните прашања за Наќе Чулев, новиот кандидат за МВР од ВМРО-ДПМНЕ, поставени во 2016 година, сѐ уште не се одговорени

Објавено на 02.01.2020 во 18:28:04 часот | Македонија

 

Своевремено директор на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев, во 2016 година молчеше пред јавно поставеното прашање зошто не го пријавил станот од 90.000 евра во луксузниот станбен објект во Аеродром во својот анкетен лист.

Во јули 2016 година, СДСМ на прес конференција го постави прашањето: „Зошто директорот на разузнавање, Чулев, има потреба да го крие станот? Дали можеби затоа што треба да објасни како се доаѓа до стан во луксузен комплекс со пазарна вредност од околу 90.000 евра? Дека директорот на Агенцијата за разузнавање има стан на улица Фрањо Клуз, број 2, со површина од 63 квадратни метри во вредност од околу 90.000 евра покажува неговиот имотен лист од Агенцијата за катастар на недвижности“.

Порано, како што е познато, претходниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, не реагираше на овие прашања. Тоа го истакна и СДСМ на прес конференцијата пред три и пол години:

„Ај што Чулев молчи, незаконски молчи и Антикорупциската комисија чиишто членови се платени од граѓаните за да ги штитат нивните интереси од злоупотреби од функционери. Според законот, директорот на Агенцијата за разузнавање морал да пријави во Антикорупциската комисија какви било промени во имотната состојба коишто ја надминуваат вредноста од 20 просечни плати. Груевски и соработниците кои трупаат станови и пари до рајските земји можеби се засега поштедени од Антикорупциската комисија под нивна контрола“, изјавија од СДСМ во јули 2016 година, додавајќи дека по изборите (11 декември 2016), сите што ги кршеле Уставот и законите, како и нивните соучесници, ќе бидат повикани на одговорност.

Одговорност сѐ уште нема, а истиот Наќе Чулев сега е вториот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет