Каков тажен крај на една фантастична новинарска кариера

Објавено на 04.01.2020 во 21:49:57 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Еееј да ми кажувал некој пред 3-4 години дека ќе доживеам да го видам Геро со колумна во која се повикува на новинарска сторија во Вечер.мк, порталот на Латас и Ивона, леле леле колку ќе сум се смеел и крстел...

Некој да ми кажувал дека големото новинарско перо кое предаваше новираство на високата новинарска школа при МИМ (Македонскиот Институт за Медиуми), човекот кој го креираше култниот ДНЕВНИК, човекот кој ги креираше Шпиц и Време, човекот кој жестоко се бореше против режимот на Груевски, тој човек да го видам како пишува колумни со РЕКЛА КАЗАЛА причи, и тоа баш од еден Боки 13-ка?!?!

Па во тие колумни клевети луѓе дека земале милиони евра, се заканувале со убиства?!?! Без ниту еден доказ?! Нема тука никакво истражувачко новинарство, нема анализа на големи теми, нема мудрост никаква, само едно голо ЗОРАН БУРЕВЕСНИК рекетарско АНТИновинарско клеветење ама во некогаш голем портал од некогаш голем новинар?!?!

Бедно голо кукавичко клеветење со асоцијации, иницијали, надимаци, колку да се избегне казната за тоа НОВИНАРСКО ЗЛОДЕЛО?!?!

Еееееј тоа го прави на 60 и нешто години, значи откако спечали пари за неколку животи, откако стекна слава на големо перо едно од 10-те на сите времиња, вака да паднеш во калта и да се препелкаш во тоа тињата?!

А само пред неколку дена слушнавме како Камчев, еден од најголемите криминалци на денешницата се фали дека го најмил да пука негови нарачани бомби?! Цела нација му се смееше, и памет не му иде, продолжува да копа надоле во јамата, во изметот.

Па ова е тажно, ова е трагедија, колку и да сме во војна со Геро, ова веќе и мене ми го кине срцето и по малку и го жалам и сожалувам.

На никој не му посакувам ваков тажен крај на кариерата, високо горе до облаците па жесток трескот доле во калта. ДАГАУ!

п.с Да, Геро е еден од оние од кои учев новинарство. Со години заспивав со неговите колумни во периодот 1997-ма до 2007-ма во Дневник а потоа во Шпиц до 2011-та.

Тоа и лично му го кажав пред камерите во Наша Тв во 2012-та кога го поканив да ми биде гостин во емисијата Политико.

Потоа почнавме да дебатираме жестоко, но во тие дебати имаше сеуште некаква моја надеж дека големиот бард е само малце залутан и дека ќе се врати пак на старите патеки. Не ни можев да замислам дека тоа е само почеток на еден страшен пад од амбисот во длабоката провалија.

Се надевам дека јас нема вака да завршам како него, тоа не му го посакувам на најголемиот душман.

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија