ДЕМАНТ НА ЕДНА СРАМНА КЛЕВЕТА - ГО ПРИЈАВИВ ГЕРО ВО СОВЕТОТ ЗА ЕТИКА ВО МЕДИУМИТЕ ПРИ ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИ НА МАКЕДОНИЈА

Објавено на 04.01.2020 во 23:34:12 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Во својата најнова колумна на Плусинфо, новинарот Бранко Геровски ме клевети дека сум примал нарачки од премиерот Заев и потоа тие нарачки сум ги поставувал како нарачани прашања.

Сакам да и соопштам на јавноста дека тоа се тешки будалаштини. Во животот никогаш не сум добил новинарска нарачка за да одам на прес и поставам прашање.

Смешно е да се тврди и за случајот за кој збори Геро кога тоа беше тема на денот и ако не го поставев јас тоа прашање, некој друг тоа ќе го прашаше премиерот, едноставно беше актуелно барањето на Геро да оствари средба со премиерот Заев и се очекуваше одговор од прмиерот.

Ќе имаше некаква логика во овие клевети ако го прашав премиерот нешто конкретно и тотално ново на пример нешто за што не се збори во моментот во јавноста, прашање кое ќе беше паднато од небо и тогаш ќе имаше логика да се работи за некаква нарачка, но ова беше проста новинарска љубопитност и чиста здрава логика, дали премиерот има или нема намера да му удоволи на Геро и да оствари со него средба.

Геро сака со овие клевети да го наруши мојот новинарски кредибилитет и реноме и сака да ме престави како нечиј послушник и извршувач на задачи и нарачки, и поради тоа го пријавив во советот за етика во медиумите при ЗНМ. Се надевам дека СЕММ ќе го направи она што одамна требаше да го направи - да го симне порталот Плусинфо од регистарот на професионални медиуми затоа што овие месеци нема никаква разлика меѓу Плусинфо и Инфомакс.

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија