Бранко Геровски е Катица Јанева на македонското новинарство

Објавено на 05.01.2020 во 22:53:05 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Иако Геровски ја масакрира Катица, секако со сосема други побуди, имано за да го обели образот на Камчев и ВМРО ДПМНЕ и целата таа багра во белиот дворец, сепак има голема сличност меѓу него и Катица.

Исто како што Катица реши да се сврти кон злото во позиција кога тоа свртување значеше огромна моќ за лична корист, откако сите не излажа дека е нашата хероина па набилда популарност и кај народните маси и кај медиумите и кај странските амбасади и кај политичарите, таа слава реши да ја злоупотреби за да рекетира фирми и богаташи, што е многу опасен момент.

Исто и Геро, 30 години не убедуваше дека е големо новинарско перо, па според тоа и голем човек, како инаку некој би бил големо новинарско перо а да е ништожен бедник и гад од човек?!

И Геро набилда слава, фан база, кредибилитет, моќ уредничка и на стари години реши да се предаде на злото дали за пари дали за од инат кој да го знае?!

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Но штетата е огромна, исто како и Катица која тргуваше со својата слава, Геро и помага на мафијата и екс режимот и фашистичките орди со својата слава реноме и популарност.

Дали на крајот ќе успее да ја сруши владата? Мислам дека не, но ова како феномен ме плаши многу, ме потсетува на оние хорор филмови кога некој генерал цел живот ќе и служи на земјата и пред пензија ќе скрене и ќе реши да лансира нуклеарна ракета за да го уништи светот.

Геро во моментот е тој новинарски генерал тотално забеган решен да направи огромна штета во општеството со тоа што помага мафија, екс режим, фашистички анти западни орди...

Со неговата кариера е завршено, но колкава ќе биде штетата врз државата од овој хаос кој тој го креира и помага?!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија