Заев: Честитки за мојот другар Милановиќ

Објавено на 06.01.2020 во 10:56:35 часот | Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, му ја честиташе победата на Зоран Милановиќ на претседателските избори во Хрватска, каде што победи со над 100.000 гласа против Колинда Грабар Китаровиќ.

„Мојот другар Зоран Милановиќ вечерва победи на претседателските избори во пријателска Хрватска, согласно волјата на хрватските граѓани. Од срце му упатувам честитки на Зоран и на сестринската @SDPHrvatske“, објави Заев на Твитер.

Во продолжение тој истакна дека Хрватите, како што вели тој, направиле добар избор што ја избрале социјалдемократијата како опција на последните претседателски избори

-Јасно е дека социјалдемократијата е опција на разумот, напредокот и иднината, кај нас, во регионот и во Европа. Очекуваме силна поддршка од претседателот Милановиќ за европските интеграции на Македонија и за скорешен почеток на преговорите со ЕУ, додаде Заев.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет