За 12 години најсуров режим, ќерките на Грујо не беа чепнати од опозициските медиуми, сепак има нешто свето во оваа земја дури и кога летаа глави во собрание!

Објавено на 06.01.2020 во 20:24:14 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Во една моја акција со мојот мобилен, кога му се залепив на Зоран Ставревски во Охрид за Охридско Лето, тој ме тргна на страна и ме замоли, живти господ имај милост ми вели, со децата сум те молам не прави сцена ќе ги исплашиш. Веднаш се сепнав и престанав со медискиот напад, си го собрав мобилниот и патот да ме нема.

За време 12 години жесток режим на ВМРО ДПМНЕ кога летаа глави на 27-ми април, се уништуваа кариери и животи, се полнеа затвори, летаа шипки по главите наши, ниту еднаш не ги чепнавме медиски ќерките на диктаторот и неговите соработници. Сепак има нешто свето во оваа земја, а тоа се децата на политичарите, тие се надвор од дозволениот лимт за политичка пресматка. Освен кога беа фатени во тешки криминали како децата на Трајко Вељановски.

Од друга страна, медиумите на ВМРО ДПМНЕ нон стоп ги масакрираа децата на Зоран Заев, тоа го прават и ден денеска. Една анегдота, виц на Заев во интервју за ТВ 24 беше извртен, спинуван и прикажан како Заев да си ги распорава децата на пазар.

Злобата на екс режимската пропаганда е надалеку позната, но сепак, тоа им креира КОНТРА ЕФЕКТ. Народот денеска масовно застана на страната на Зоран Заев, медиумите кои ја ширеа оваа злобна вест во очите на народот заличеа на глодари, хиени, ѕверови.

Заев ја доби оваа битка. Некогаш и кога напаѓаш треба да водиш ред за мерката, оружјето и колку треба да си крволочен, оти контра ефектот може да биде поголем од диретниот ефект што си сакал да го постигнеш.

Ова е една лекција за ВМРОВСКАТА ПРОПАГАНДА предводена од Бранко Геровски!

Заев ќе владее уште најмалку 4 години, ќе имаат време да ги наштимаат справите и нишаните и да не прават вакви почетнички ПР промашаувања и фијаска!

 

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија