ДОДЕКА СИНОЌА ЦЕЛ СВЕТ ЧЕКАШЕ ДА ПОЧНЕ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА, САД И ИРАН СИ ИГРАА ВОЈНА, НО СЕ БЕШЕ ПРЕТХОДНО ДОГОВОРЕНО!

Објавено на 08.01.2020 во 09:47:05 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Што се случи синоќа? Преведено со прости зборови, Иран ги замоли САД ако може да им врати за убиството на генерал Сулејмани, но притоа молбата беше дека народот во Иран бара освета но раководството на Иран не сака војна со САД. Па САД решија да им дозволат да возвратат за убиството, така што им кажаа кога и каде да нападнат, притоа беа евакуирани сите американски војници и опрема од тие бази, па Иран синоќа глумеше дека жестоко ги напаѓа САД но всушност се беше фарса за да се задоволи народот во Иран.

Откако поминаа неколку часа по ракетниот напад и откако се виде дека нема американски жртви и дека нападот е сконцентриран само на неколку воени бази а не на амбасади во регионот и особено откако се виде дека Израел нема да биде чепнат, Трамп реши да не реагира и да дозволи Иран да глуми некаква одмазда.

Ете тоа се случи синоќа, договорена глума за некаква војна но во реалноста немоќниот Иран свесен дека САД може да ги збрише од земјата како никогаш да не постоеле, решија да седат мирно и многу да не таласаат, освен неколкуте испалени ракети на претходно дозволени цели од Пентагон.

Еве ги изјавите на Трамп и иранскиот министер за надворешни, и еден коментар на најсилниот медиски коментатор подржувач на Трамп, сите изјави одат во оваа насока на анализата од погоре:

Најголем победник вчера е Трамп кој покажа дека иако делува како тешка будалетинка, сепак има такт за важни одлуки и знае да донесе исправна одлука која нема да го уништи светот и нема да нанесе огромни штети врз светската економија и светскиот мир.

Војната со Иран ќе беше една невидена кланица со над 1 милион жртви најмалку! Иран е најголем извозник на нафта и цената на нафтата ќе скокнеше страшно нагоре затоа што е сосема можно Иран да ги нападнеше со ракети и нафтените рафинерии и наоѓалишта во Ирак, Кувајт, ОАЕ и Саудиска Арабија, па светската економија буквално ќе застанеше без нафта!

Сосема е можно и Иран во знак на очај да распали по големите градови во регионот па да има огромни цивилни жртви во целиот блиски исток тоа значи можеше да биде опасна кланица од светски размери.

Браво за Трамп но и за раководството на Иран но и за посредниците, се шпекулира дека Макрон бил главен медијатор меѓу двете земји.

 

 

* реклами:

loading...

 

Колумни

Македонија