ЕЈ ШТО ДОЧЕКАВМЕ, ЛИДЕР НА НЕА ДЕМОКРАТИЈА ДА МУ Е КРИВО ШТО НЕ СМЕ ДОБИЛЕ ДАТУМ ЗА ЕУ - МИЦОТАКИС: Разочаран сум од одлуката на Макрон за Северна Македонија!

Објавено на 08.01.2020 во 21:42:52 часот | Македонија

Договорот од Преспа е испочитуван, но се уште имаме проблеми со неговото имплементирање како трговските марки и сопствеништвото на брендот, даваме поддршка за евроатлантската иднина на земјата, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на дебата во Вашингтон.

– Им помагаме на грчките компании да ги заштитат трговските марки „македонски”, и работиме систематски на тоа. Но, истовремено кажавме дека ќе го предводиме Западниот Балкан во ЕУ и сакаме грчкото влијание и интереси кај северниот сосед да бидат земени предвид, рече Мицотакис на дебата во Атлантскиот совет во Вашингтон.

Притоа, посочи тој, потребен е отворен пристапен процес со Унијата.

– Не треба да им ја затвориме вратата в лице, истакна тој, посочувајќи дека го поддржува пристапувањето и оти е разочаран од ветото на Франција за отварање на преговорите со Северна Македонија.

За пристапувањето на Албанија во ЕУ пак, истакна дека постојат некои услови како признавањето на правата на грчкото малцинство во таа земја.

– Дали се тоа сопственички права, или учество во социјалниот и културниот живот на земјата, не прифаќаме незаштитени права на грчкото малцинство во Албанија, порача Мицотакис.

Додека дека сепак, направен е прогрес во врска со реформите кои се прават во процесот на пристапување на нови земји во ЕУ.

-Се надевам дека во мај во Загреб, Франција, Данска и Холандија ќе ги преиспитаат нивните одлуки, рече грчкиот премиер.

Тој истакна дека Грција се наметнува како столб на стабилноста како во источниот Медитеран, така и на Балканот, и оти Вашингтон и Атина сега имаат заедничка агенда да работат кон зголемување на економската стабилност и безбедноста во југоистична Европа, преку економска интеграција на источниот Медитеран и поддршка за евроатлантската иднина на Западниот Балкан.

-Изградбата на гасоводот „ИстМед” не е против турските интереси. Со Анкара сакаме политика на заемно почитување, а не разговор од позиција на сила, истакна тој на прашање дали гасоводот, што е планиран да биде завршен до 2026 година, е против интересите на Турција.

Договорот за изградбата на гасоводот „ИстМед”, премиерите на трите земји го потпишаа минатата недела во Атина. Гасоводот ќе се простира од Израел, преку Кипар до Грција и Европа, но против настапи Турција, бидејќи во регионот работи трансанадолискиот цавковод по кој Грција добива гас од Азербејџан.

-Десет години бевме префокусирани на нашите внатрешни проблеми. Време е да се вратиме во регионот со напредна агенда, најави Мицотакис.

Според новата стратегија за која синоќа се зборуваше и на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, САД во Грција гледаат и клучен сојузник во спроведување на американските интереси во регионот на источен Медитеран.

Двајцата лидери зборуваа и за американските инвестиции во Грција, можност за купување воена опрема од САД, а ги спомнаа и акциите на Турција, кои Мицотакис ги опиша како провокативни.

Трговска соработка меѓу двете држави се зголемува, се отвараат нови американски капацитети во земјата, се потврди на дебатата во Атлантски совет.

Мицотакис денеска продолжува со официјалната посета на Вашингтон и има средби во Сенатот и Претставничкиот дом, но и со американски бизнисмени. Вечерва пак ќе присуствува на прием организиран од потпретседателот на САД Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет