(ВИДЕО) ПУТИН, ЕРДОГАН, БОЈКО И ВУЧИЌ ГО ПУШТИЈА ТУРСКИ ПОТОК ВО ИСТАНБУЛ

Објавено на 08.01.2020 во 22:00:21 часот | Свет

На свечена церемонија во Истанбул денеска е означен почетокот на работата на гасоводот Турски поток, на која присуствуваа претседателите на Русија, Турција и Србија, Владимир Путин, Реџеп Тајип Ердоган и Александар Вучиќ, како и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

– Соработката меѓу Русија и Турција на гасоводот Турски поток е добар пример за соработка меѓу двете земји во сложените меѓународни односи и тој проект не е значаен само за двете земји, туку и за граѓаните на цела Европа – порача рускиот претседател.

Путин истакна дека имплементацијата на овој и други проекти претставува доказ дека стратешкото партнерство со Турција дава многу добри резултати

– Гасот доаѓа од Западен Сибир, потоа до Турција, па следуваат балканските земји. Тоа нема да биде значајно само за турската економија туку ќе придонесе и за развој на многу европски земји – нагласи Путин.

Тој додаде дека со новиот гасовод ќе има поголема ефикасност во транспортот на гас со почитување на еколошките стандарди.

Путин му се заблагодари на турскиот колега за поддршката и навременото обезбедување на сите потребни дозволи за градба.

– Турски поток ќе биде симбол на новото време. Целиот регион ќе има корист од тој проект. Постои изрека која гласи: „Еден пријател ти дава можност да поминеш половина пат уште на самиот почеток“. Според оваа изрека колку е важен патот, толку е и човекот со кој си тргнал по него – нагласи Ердоган.

Тој додаде дека „турско-руското пријателство преку овој проект веднаш ги покажува нашите односи и се надевам дека двете страни ќе продолжат со иста решителност да соработуваат и во други проекти“.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија