ПОТКУПОТ УСПЕАЛ: ЈАНЕВА БАРАЛА КАМЧЕВ И МИЈАЛКОВ САМО ДА Ѝ ПЛАТАТ НА ДРЖАВАТА ОТШТЕТА И ДА НЕ ОДАТ ВО ЗАТВОР, СВЕДОЧИ НЕЈЗИНАТА ЗАМЕНИЧКА ЈОСИФОВСКА

Објавено на 08.01.2020 во 22:43:13 часот | Македонија

ЈАНЕВА БАРАЛА КАМЧЕВ И МИЈАЛКОВ САМО ДА Ѝ ПЛАТАТ НА ДРЖАВАТА ОТШТЕТА И ДА НЕ ОДАТ ВО ЗАТВОР, СВЕДОЧИ НЕЈЗИНАТА ЗАМЕНИЧКА ЈОСИФОВСКА

Обвинителката Јосифовска рече дека колегите Рустеми и Стефанова подоцна ѝ кажале оти изготвиле пресметка за штетата што ја направиле со кривичните дела, но и со предлог за затворски казни за Камчев и останатите осомничени во двата предмета. - Орце Камчев; Катица Јанева (Фото: СДК.МК)

Во единственото сведочење денеска за случајот „Рекет“ каде што се обвинети Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева, нејзината заменичка во СЈО, обвинителката Елизабета Јосифовска, одговараше на директни прашања од обвинителката Вилма Русковска.

За случајот „Империја“, во периодот кога осомничениот Орце Камчев беше во притвор, во ноември 2018 година, Јосифовска одговори дека кога на колегиум нејзината колешка Лиле Стефанова кажала оти ги одбива жалбите на осомничените во „Империја“ за притвор, Јанева и кажала пред сите:

„Преработи го одговорот на жалбите, дај им поблаги мерки“.

Спомнала и дека ќе се носи Закон за Јавно обвинителство.

На тоа бурно реагирала Стефанова, сведочеше Јосифовска. Одговори дека се работело за мерките притвор на осомничените во „Империја“: Орце Камчев, Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ и Сашо Мијалков. По претходно позитивно мислење од Катица Јанева, Апелациониот суд Скопје одлучил да им ги ублажи мерките притвор на осомничените во „Империја“.

На прашање на Русковска што се случило во април, Јосифовска кажа дека на колегиум во потесен состав во СЈО, Јанева побарала од обвинителите Стефанова, која ја води истрагата за „Империја“ и од Бурим Рустеми, кој е надлежен за истрагата „Поштенска банка“, да изготват пресметки колкави суми да исплатат како отштета на државата и со спогодба за вина да се ослободат од неа, со парични казни. Јанева рекла: „за да не одат луѓето во затвор“.

Потоа Јосифовска раскажа како и било наложено од Јанева место неа да потпише готов акт со кој ќе даде мислење да му биде издаден нов, времен пасош на Орце Камчев, во траење од 8 месеци.

На прашање, Јосифовска рече дека Рустеми и Стефанова подоцна ѝ кажале оти изготвиле пресметка за штетата што ја направиле со кривичните дела, но и со предлог за затворски казни за Камчев и останатите осомничени во двата предмета.

Но, на вкрстено прашање на адвокатот на Јанева, Јосифовска одговори дека било пракса да се преговара со осомничени за признание на вина, за спогодба, за соработка во истраги…

Адвокатот Дељо Кадиев извлече и друг одговор на Јосифовска, за кој одбраната смета дека е во корист на Јанева, дека само специјалната обвинителка Јанева можела да знае и да има информации дали против Камчев се воделе други и истраги и предистраги, во насока на тоа дека била слободна да се спогодува како со останатите осомничени и обвинети, така и со Камчев.

На дополнително прашање на Русковска дали е вообичаено само еден месец по отворање на една истрага и одобрување мерки притвор, обвинител да бара ублажување на тие мерки, Јосифовска кажа дека во нејзините предмети немало таков пример, а и генерално, за предметите на СЈО, сосема ретко била одредувана најстрогата мерка.

ИЗВОР: СДК.МК

 

 

loading...

 

Македонија

Свет