Жителите на Центар ќе добиваат по 1.5 денар за секое рециклирано шише

Објавено на 09.01.2020 во 19:29:07 часот | Македонија

Машини за рециклирање на пластични и стаклени шишиња преку кои ќе се добиваат пари за паркирање, ќе постави ЈП „Паркинзи Општина Центар“. Веќе се набавени девет вакви машини, а до крајот на годинава ќе бидат купени уште 18. Нивното поставување ќе почне од почетокот на март и за секое фрлено шише граѓаните ќе добијат по 1,5 денар.

„За овој проект Општина Центар има предвидено субвенции во буџетот за 2020 година и за секое рециклирано шише се обезбедени 1,5 денари, а воедно обезбедени се и средства за останатите 18 повратни вендинг машини. Се надевам дека овој позитивен пример ќе биде еден почеток во кој понатаму ќе се вклучат и другите општини, институции, како и приватни компании, сè со цел Општината, Градот и Република Северна Македонија да ги направиме поубаво место за живеење“, изјави Богдановиќ.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет