Еј господе боже нема да ви се верува каков мејл добив утрово, па добро бе дали сте нормални вие измамници мафијашки?!?!

Објавено на 11.01.2020 во 09:32:44 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Еј човече, отворам сабајле инбокс на мојот мејл, кога што ќе видам, пратил мејл адвокатот на Грујо, Мерџан Даути, се жали човекот дека судијата Џолев не дозволувал случајот ТНТ да застари?!?! Тоа не било фер?!?!

Еееј, еееј, еееееееееј, ееееееејјјјј.....

Брееее кои лудаци мајко мила мајчице....

Овој наместо да се срами што му е адвокат на Грујо и што се труди со мајмунарии да го застари делото, па уште и пишува мејлови до новинарите, глуми жртва човече, бара симпатии од јавноста?!?!

За тоа што со динамит му срушиле објект на Фијат Цановски, му нанеле штета од 30 милиона евра, се што печалел цел живот му уништиле до довеле човекот до питачки стап, а зошто? Затоа што се дрзнал да му биде близок роднина и пријател на Велија Рамковски и тогашната А1 и А2 телевизија?!

И сега ние треба со симпатии да гледаме на овие апаши и овие бараби кои се обидуваат да си ја спасат кожичката па уште и се жалат, не било фер да не им се дозволи да застари делото?!?!

Мајко мила мајчице, кој ве одгледа бе вас, каде сте вие растеле, кои цртани филмови сте ги гледале како деца, како се станува бе таков социопат мафијаш бараба без грам осет!?!

И адвокати и политичари и судии и бизнисмени, све комплет отишло во мајчината!

 

 

* реклами:

loading...

 

Колумни

Македонија