РЕЦЕПТ ЗА ПРИФАЌАЊЕ ОДГОВОРНОСТ ОД ВМРО: Или ги бркале Албанци од Серава или некој ги најмил од СДСМ да прават штета на партијата со БЕСПРЕКОРЕН ИМИЏ!

Објавено на 11.01.2020 во 23:49:26 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Значи ВМРОВЦИТЕ се генијалци, ама иронично.

Тоа се луѓе у основ прости како лева патика, ама мислат дека народот пие нафта, тоа е пустата вечна надеж на ВМРО, дека народот е удрен не со една туку со три мокри чорапи па сите будалаштини ќе им поминат.

Замислете, ја сменија старата фора на ВМРО, да ве потсетам кога ќе фатевме некој нивен како лудува низ град пијан со службена кола и швалерка до него, беше АБЕ ГО БРКАЛЕ АЛБАНЦИ ОД СЕРАВА И ОН ВО ПАНИКА СЕ ЗБУНИЛ ЧОВЕКОТ И НАПРАВИЛ НЕКОЛКУ ГРЕШКИ ПО ПАТ?!

Сега новата фора им е АБЕ НЕКОЈ ОД СДСМ МУ ДАЛ ПАРИ ДА СЕ ГЛУПИРА И ДА И ШТЕТИ НА ПАРТИЈАТА?!?! Ова е денешното објаснување од партијата за скандалите кои ги прави овие денови Емил Јакимовски, активист на ВМРО од Крива Паланка?!

Ееееј кое е ова лудило човече?! Кои се бе тие пари што можат да те натераат да изгубиш работа, и да завршиш во затвор и вечно да имаш досиеа на насилник и криминалец?!?!

Па значи треба некој од СДСМ да му даде милион евра на тој човек за да се уништи себеси и својата кариера и живот?! И сега ние треба ова да го поверуваме?!

Добро овие во ВМРО, мислат ли дека толку е народот глуп?! Они мислат ли дека освен екстремните озрачени вмровци ќе треба да добијат глас и од некој нормален?!?!

Какви се бе ова блесави ПР пристапи, аман бе ВМРО, дај средете се малце, жал ме фаќа за вас!

 

 

 

* реклами:

loading...

 

Колумни

Македонија