(ВИДЕО) Германски инвеститор: Чекаме да се измени законот за Канабис за да донесеме уште многу милиони во оваа мала но вредна земја

Објавено на 13.01.2020 во 20:34:13 часот | Македонија

slika

Изјава на Филип Маркс – Закон за канабис. Ви ја пренесуваме во целост:

Овие инвеститори се собраа денес тука пред Собранието за да ја искажат својата загриженост за неодамнешните активности во собраниската комисија во врска со новиот закон за канабис во Северна Македонија. Се викам Филип Маркс и сум инвеститор од Германија. Би сакал да го објаснам ова од моја перспектива. Итно е да се направат овие измени во законот и да се донесе нов и подобрен закон за канабис во оваа земја со цел понатамошно унапредување на економските перформанси. Донесувањето на овој закон ќе ја позиционира Северна Македонија како сериозен играч на светскиот пазар на канабис и тоа ќе создаде поголем интерес за странските инвеститори. Инвеститорите чекаат да се измени законот за да донесат уште многу милиони во оваа мала, но вредна земја. Со сегашниот закон воопшто не е можно да се учествува на меѓународниот пазар на наркотици, бидејќи стариот закон не ги исполнува упатствата на ООН (Единствена конвенција за наркотични дроги 1961). Без спроведување на независна агенција за канабис која’ќе го контролира и ќе управува со одгледување канабис, ниту една земја нема да склучи договор со Северна Македонија за трговија со наркотици. Ова значи дека канабисот произведен овде може да се продава само на земји што легализирале канабис за рекреативна употреба.

Сепак, сегашниот закон го забранува ова! Доколку не се донесе новиот закон, сите лиценцирани компании сигурно ќе банкротираат.

Втор главен фактор е извозот на цвет од канабис. Од искуството во Германија можам да ви кажам дека производот на канабис што најчесто го препишуваат лекарите е од цвет, затоа што само во цветот се наоѓа целиот спектар на состојките. Кога станува збор за екстракти и изолати, фармацевтските компании купуваат квалитетни цветови и сами ги активираат активните состојки според нивните тајни протоколи. Истражувачките компании исто така сакаат да го купат цветот, бидејќи комплексните хемиски соединенија можат да се најдат само во нетретирани цветови.

filip

Ве молиме, донесете информирана, интелигентна, рационална одлука и не користете го овој закон како политичка игра. Светските пазари се менуваат брзо и ние како инвеститори инвестиравме значителни суми во овие проекти. Доколку не се донесе овој закон, ќе има негативни последици за економијата на земјата. Ние сме тука да дебатираме и да му покажеме на народот во Македонија дека овој закон само ќе им користи во голема мера и ќе донесе нови работни места за новите генерации, повеќе даноци за државата и многу повеќе ресурси за приватниот сектор.

На државите им треба квалификувани индустрија. Индустрии кои произведуваат производи што го зголемуваат извозот и имаат голема вредност. Медицинскиот канабис е нова индустрија и Македонија ќе може да се натпреварува во фармацевтската индустрија со земјите како Канада. Со одложување на законските измени, земјата се коцка своите шанси да се позиционира и да се етаблира на почетокот, бидејќи многу други земји ќе донесат закони во наредните 2 до 3 години за градење и промовирање на овие квалитативни индустрии. Пример Португалија, Грција…
Најновите студии во медицината, фармацијата, прехранбената индустрија и многу повеќе покажаа дека индустријата за канабис ќе го промени светот засекогаш, апелираме до сите политички партии во земјава да ги донесат новите измени во законот. Изберете ги промените во корист на вашиот народ, а не во корист на вашите политички партии.

Јас лично не можам да го разберам двоумењето и блокирањето кога сите тука се загрижени за благосостојбата и позитивниот развој или иднината на Северна Македонија.

 

 

* реклами:

loading...

 

Македонија

Свет