ПУТИН ГО ОТВОРИ ЌЕСЕТО: НОВА ПРО - РУСКА ПАРТИЈА СЕ РАЃА НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА - РОДИНА!

Објавено на 13.01.2020 во 23:00:34 часот | Македонија

Иницијатори на партијата се извесни: ЗОРАН КУРЉАН, КОСТА ЈОВЧЕВСКИ, БОБИ ЃОРЃИЕВСКИ, ГОРАН ШУМКОСКИ, ЗОРАН ЈОВАНЧЕВ

ПРВАТА ГОДИШНИНА НА ПОЛИТИЧКАТА ИНИЦИЈАТИВА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Пред точно една година, на 13.1.2019 година, започна да функционира
партиско – политичката иницијатива Родина Македонија. Иницијативата ја покренаа група Македонци, чија основна идеја беше да се воздигнат и да се отпочне со реализирање на традиционалните македонски вредности, за кои проценивме дека се во целост разнишани со тенденција на нивно целосно губење. Промената на името на државата е само еден пример за тоа како некој не му служи на својот народ, туку на странски недобронамери центри на моќ.

Родина Македонија си постави за цел да се изгради како народна партија
издигнатa врз културните и традиционалните вредности на македонскиот народ, водена од природните принципи и праведни закони, каде сите сме еднакви и сите сме дел од една целина, дел од нашиот род и како такви сите треба да му служиме заедно, а најдобрите да бидат први во тој ред. Тоа е должност и обврска на секој Македонец. Милениумски слоеви од култура, традиција и цивилизација преточени се во нас Македонците како дел од нашето битие, знаење и начин на живот. Тоа е мудроста, разумот и силата кои ни овозможиле да опстоиме низ илјадалетијата како еден од ретките народи. Тие вредности ја прават и денес нашата држава место каде сите имаат право на достоинствен живот и сопствен развој. Тоа е основа за праведна, стабилна и
просперитетна Македонија.

Во изминатиот едногодишен период се работеше на дефинирање на
целите и задачите, со градење на јасна визија за решавање на натрупаните проблеми во Република Македонија, а кои се резултат на неразумното водење на државата од страна на СДС и ДПНЕ, обилно потпомогнато од партиите на албанскиот блок. Се воспоставуваше и се градеше информативно – комуникациона мрежа, преку неколку братски портали. На ваков начин се обидуваме да ги надминеме бариерите кои се воспоставени од (о)позициските медиуми кои, практикувајќи ја нивната партиска задача, воспоставија целосен информативен мрак.

Во периодот кој е зад нас, успеавме да ја рашириме мрежата скоро на целата територија на Република Македонија. Подеднакво внимание
посветивме и на контактите со нашите иселеници, каде што, исто така, имаме значајна поддршка. Движејќи се меѓу луѓето на терен, сфативме дека нашата идеја е препознаена и дека се поголем број на луѓе се заинтересирани за нашата работа, зашто начелата и идеите кои ги нудиме се во функција на народот и на неговата национална гордост. Ги истакнавме трите основни ориентации, кои се веќе препознатливи и прифатени: „НЕ за Преспанскиот договор; НЕ за Европската Унија и НЕ за НАТО!“ Цениме дека доста е сработено во делот на
воспоставувањето на организациската мрежа како и во делот на контакти со луѓето. Од оваа причина, сметаме дека дојде моментот кога треба ја отпочнеме и последната фаза во постапката за основање, а тоа е прибирање на изјави од нашите симпатизери и поддржувачи. Со завршување и на тој последен чин, Родина Македонија и дефинитивно ќе ја заокружи својата активност и на македонската политичка сцена ќе ја отпочне реализацијата на зацртаните намери, планови и идеи.

Секој еден кој го носи чувството на искрен и чесен Македонец е
добредојден во редовите на Родина Македонија. Затоа, приклучете се, време за чекање веќе немаме!

Приклучи се во првите 1000 основоположници кои во рекордно време следниве неколку недели ќе ја формираат единствената Македонска, суверенистичка, непоткуплива и визионерска опција за градење на Македонија на здрави темели за следните 1.000 години

Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

Сподели:

https://www.rodina.org.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b2%d0%b0%d1%82%d…

 

 

loading...

 

Македонија

Свет