БОМБА ВО БИТОЛА: ЌЕ СЕ ВЛОЖАТ 300 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КОНЕЧНО РЕК БИТОЛА ДА ДОБИЕ ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА ПО 40 ГОДИНИ РАБОТА!

Објавено на 14.01.2020 во 10:19:20 часот | Македонија


Долгоочекуваната еколошка дозвола за најголемиот индустриски загадувач РЕК Битола веќе доби нацрт верзија. За документот денеска се одржа јавна расправа, на која сите заинтересирани граѓани, невладини еколошки организации, релевантни институции имаа можност да предложат идеи, забелешки и мерки, кои доколку се во рамките на законот ќе се имплементрираат во конечниот документ, а целата постапка треба да заврши до 2026 година.

Оваа јавна расправа има за цел да ја вклучи јавноста, односно дава можност да се биде инклузивен при донесување на одлуки. Дозволата е во нацрт фаза, што значи дека сме отворени ги чекаме сите забелешки кои што ќе дојдат од сите засегнати страни, рече Беса Татеши, советник во Министерство за животна средина.

Најголемиот производител на струја во државата, работи без еколошка дозвола, иако за првпат постапката за нејзино добивање отпочнала во 2007-та година, а требаше да заврши во 2014-та година. Но се остана само на хартија а активностите беа обновени лани. За подобрување на еколошките перформасни на комбинатот што се предвидени во А интегрираната дозвола во РЕК ќе бидат вложени над 300 милиони евра.

Реконструкцијата на електростатските филтри сукцесивно ќе оди 2020, 2021, 2022 година. Во 2023 година треба да започне постапката за добивање постројка за десулфуризација и целиот процес од двете најголемите ставки од оперативниот план да заврши во 2026 година, изјави Златко Ќурчиевски, директор на РЕК Битола.

На јавната расправа присуствуваа неколкумина преставници на еколошки здруженија кои воглавно се интересираа за процесот на отпепелување, реконструкцијата на филтрите,  функцинирањето на мерните станици за аерозагадувањето во кругот на РЕК Битола и др.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет