Герасимовски: Инфраструктурата е крвотокот на секој град, на секоја општина

Објавено на 14.01.2020 во 10:42:56 часот | Македонија

Почитувани,

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Центар, Горан Герасимовски денеска оддржа прес конференција во врска со изградба и реконструкција на патната инфрастуктура во Центар. 
 
-„Инфраструктурата е крвотокот на секој град, на секоја  општина. Токму затоа, претходните две години силно инвестиравме во изградба и реконструкција на патишта. На овој начин видно се подобрува квалитетот на живот на граѓаните во Центар и пошироко.
 
Општина Центар постави вкупно 21.400 м2 нови асфалтни површини, со што се опфатени 23 улици. Изгради и реконстуираше нова фекална и атмосферска канализациja  во должина од околу 3.500 и водоводна мрежа во должина од над 2.300 метри.
 
Големи зафати на територијата на Центар имаше и Градот Скопје, кој ги опфати булеварот Кочо Рацин, улиците Павел Шатев, Димитрије Чуповски и Лазар Личеновски. Вкупната инвестиција на овие инфраструктурни зафати изнесува  над 47 милиони денари, вложени за темелна санација на улици кои во срцето на градот секојдневно поврзуваат жители од сите скопски региони.
 
СДСМ последните две години покажа како треба да се работи на секое ниво на власта. Покажавме и докажавме дека наш единствен приоритет е подобрување на квалитетот на живот на  нашите граѓани. Продолжуваме да чекориме на прав пат.“, изјави претседателот на СДСМ Центар, Горан Герасимовски.
 
Со почит,
ОО СДСМ Центар

 

 

loading...

 

Македонија

Свет