Со ваквите филмови како Медена Земја ненамерно се нанесува огромна штета врз државата

Објавено на 15.01.2020 во 12:01:17 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ние како земја се бориме да влеземе во ЕУ, да привлечеме странски инвестиции...

И сега милионите од светот кога ќе го видат Медена Земја, што ќе помислат?

Или ако се вратиме на Пред Дождот, што мислеа тогаш за Македонија?

Ајде Пред Дождот и имаше некоја како претскажителна аура, се што се збореше во филмот после ни се случи во 2001-ва, но сепак, со ваквите филмови се руши имиџот на земјата.

Јавноста која ќе треба да гласа на некакви референдуми по Европ за влез на Северна Македонија во ЕУ, што ќе мисли после гледањето на Медена Земја?

Дека сите живееме како во 18-ти век, дека се пентариме по карпи да собираме мед од диви пчели и дека сите сме рурални фармери кои се тепаат со крави по некакви ридишта?

Без вода, струја, патишта, канализација, интернет, телефони?

После се чудиме кога цел свет мисли дека Македонија е Монголија итн итн...

Не ги обвинувам режисерите и сценаристите, тие си се борат на светско поле за награди и си уживаат во своите уметнички пориви, но сепак мора да се некако усогласиме, дали сите ќе работиме за доброто на земјата или сите ќе теглиме во различни правци дури и на штета на земјата.

Како некој странски инвеститор ќе дојде во земјава ако се што знае за земјава е Медена Земја?

Друго е некој автор од САД да направи ваков документарец за слична жена која живее некаде во планина во Тексас или во Аљаска, знаеме која е Америка сите, но проблемот е што не знаат сите која е Северна Македонија и ќе мислат дека е како во Медена Земја, а не е, само 5% е таква, другиот дел е урбана западна цивилизирана земја со наука со индустрија со урбана заедница рамна на животот во Њујорк, Лондон, Берлин, Париз...

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија