НЕМА НЕШТО ПОРАСИПАНО ОД ВМРОВЕЦ: Министерката Мизрахи не ги виде мизерните услови во Специјалниот заводот Демир Капија во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ иако и тогаш беше висок владин чиновник

Објавено на 16.01.2020 во 19:44:05 часот | Македонија

Техничката министерка за труд и социјална политика, Рахела Мизрахи, уште од првиот ден е со „полни раце работа“. Секој ден нѐ „шокира“ со нејзините „откритија“ дека СДСМ во изминатите две и пол години од нивното владеење не успеале ниту со фарба да ги покријат мизериите што им ги остави во наследство нејзината партија ВМРО-ДПМНЕ.

Техничката министерка Мизрахи, по обиколката на Специјалниот завод „Демир Капија“ увидела дека има лоши и мизерни услови: „Од најавените поправки на Специјалниот завод можеме да најдеме обоени ѕидови, додека инсталацијата водоводна и електрична е сѐ уште онаа од 56-та односно 58-ма година. Условите за хигиена се никакви, луѓето се препуштени сами на себе“.

Добро е што техничката министерка конечно прогледа што оставија во наследство нејзините сопартијци во 11 годишното владеење. Тие ниту ѕидовите не ги офарбаа од 2006 до 2016 година додека беа на власт.

Нека продолжи министерката со обиколките, нека види што можеше ВМРО-ДПМНЕ да направи, а не направи. Нека види колку луѓето беа препуштени сами на себе…

 

 

loading...

 

Македонија

Свет