ВАКВИТЕ УСПЕСИ ПРАВАТ ДА ВРЕДЕШЕ СЕТА БИТКА ПРОТИВ РЕЖИМОТ: СКОПЈЕ ДО 2025 ЌЕ ДОБИЕ ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ЗА ОТПАДНИ ВОДИ ВО ПРОЕКТ ВРЕДЕН 136 МИЛИОНИ ЕВРА

Објавено на 16.01.2020 во 20:12:47 часот | Македонија

СКОПЈЕ ДО 2025 ЌЕ ДОБИЕ ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ЗА ОТПАДНИ ВОДИ ВО ПРОЕКТ ВРЕДЕН 136 МИЛИОНИ ЕВРА

Договорот со кој беше затворена финансиската конструкција на проектот го потпишаа министрите за финансии и животна средина Нина Ангеловска и Насер Нуредини (Фото: Министерство за финансии)

Скопје до 2025 година ќе добие пречистителна станица за отпадни води, откако министерствата за финансии и за животна средина денеска потпишаа договор со кој се затвора финансиската конструкција на овој капитален проект.

Во проектот ќе бидат инвестирани 136,73 милиони евра, средства обезбедени од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој и со него треба трајно да се реши проблемот на отпадни води во Скопје, од кои најмногу страда Вардар.

„Овој проект му е итно потребен на главниот град, затоа што со зголемувањето на населението и со брзата урбанизација и индустријализација континуирано се зголемува количеството на отпадни води што домаќинствата и фирмите ги испуштаат во Вардар. Пречистителната станица ќе опслужува над 500.000 жители, а урбаните води ќе се филтрираат во согласност со стандардите на Европската Унија. Ова е уште еден чекор кон подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните, а придобивки ќе имаат и сите оние кои живеат по течението на Вардар. Ова е голем ден, да прославиме, но од утре започнува напорната работа за спроведување на проектот“, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска.

Нагласувајќи дека Скопје е еден од последните главни градови во Европа без пречистителна станица, министерот за животна средина Насер Нуредини кажа дека ова е само продолжение на низа слични проекти.

„Досега се изградени пречистителни станици во Прилеп, Радовиш, Струмица, Кичево, Гевгелија и Кочани. Посветени сме наскоро да почнеме изградба на ваква станица и во Битола и Тетово, а подготвена е и техничка документација за Штип и Велес“, изјави Нуредини.

Проектот ќе се спроведе под водство на јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“.

„После 15 години, овој проект станува реалност. Ние како претпријатие досега вложивме многу ресурси во негова реализација. Ова е втора најголема инвестиција на оваа влада и една од најмодерните досега, со која застануваме рамо до рамо со европските земји“, кажа директорот Душко Весковски.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет