(ВИДЕО) 23 ГОДИНИ БЛЕСКАВ РАСТ НА ВИСТИНСКИОТ МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ОД КОЈ ГРАЃАНИТЕ ДОБИВААТ СВЕТСКИ КВАЛИТЕТ ПО МАКЕДОНСКИ ЦЕНИ - РОБИ ТЕЛЕКАБЕЛ!

Објавено на 16.01.2020 во 21:47:49 часот | Македонија

Robert Dimitrov Robi

На 15,01,1997 година во Штип почна со работа првата кабелска телевизија, со едноставно име РОБИ ☺.
23 години потоа, Роби Телекабел е успешна компанија со бројни признанија, илјадници задоволни корисници, со сопствена километарска мрежа низ 13 градови во државата. Од самиот почеток работи без обврзувачки договор грижејќи се секојдневно за квалитетот на услугите кои ги нуди. Роби Телекабел е еден од трите најголеми оператори, а единствен оператор со 100% домашен капитал.
 
23 години постојан раст во држава како Македонија значат и години на немир, проблеми, притисоци, закани..... Секојдневна борба со ајкули во немирното море од недоречени закони, корумпирани институции, исфрустрирани поединци на челни позиции, смешни функционери кои преку функцијата лечат комплекси врз успешните луѓе....
 
Сепак побројни се убавите моменти и за тие ќе говориме секогаш - среќата за секој нов приклучен корисник, очекувањата од стартот на секоја нова услуга, признанијата кои се редат секоја година: 3 пати Супер бренд, 5 пати Стубренд, 3 пати Best bay Awards, 12 години во листата на најуспешни компании во Македонија, бројни признанија и благодарници за општествено одговорна компанија.
 
После 23 години Телекабел, лично јас за свој најголем успех го сметам тоа што останав нормален човек на кој сите проблеми, притисоци, пороци и пари не му се разбиле од глава. Уште се радувам на мали нешта, уште ме прави среќен среќата на другите луѓе. Не дозволив неправдите да ме скршат. Уште правам и секогаш ќе правам само добри дела. Бидејќи тие го красат човекот.
 
Посакувам младите луѓе да го следат примерот на Телекабел. Животот е борба, а ако имаш добра мисла, ако напорно работиш и имаш вистински луѓе покрај себе за кои ќе се грижиш и ги почитуваш, таа борба секогаш ќе заврши со победа!
 
Благодарам на сите вработени во Телекабел за посветеноста, за лојалноста и за секогаш навреме завршените обврски.
 
Благодарам на сите сограѓани кои ни ја даваат довербата секојдневно и се дел од нашата телекомуникациска мрежа со години.
 
Да сме сите живи и здрави! Да славиме уште многу победи и успеси. Да го славиме животот и да споделуваме само убавини и среќа! Бидејќи се толку бргу минува, и не се враќа за да можеме да поправиме нешто❤️☺
 

 

 

loading...

 

Македонија

Свет