ВМРО ДПМНЕ ШИРИ ПАНИКА ЗА НЕШТО ШТО ТИЕ ГО СОЗДАДОА КАКО ПРАКСА И КОЕ ПОСТОИ ВЕЌЕ 10 ГОДИНИ!

Објавено на 17.01.2020 во 11:20:36 часот | Македонија

Во однос на набавката за слот-машини од страна на Државната видео лотарија станува збор за редовна, рамковна набавка која е стандардна процедура на компанијата со години наназад.

Како што информираат од Државната видео лотарија оваа набавка е повторена отакко претходната не успеала бидејќи се немало пријавено понудувач на јавниот повик.

Поради обемноста на набавката процесот за нејзина реализација траел подолг период.

Лицемерни и лажни се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ. Токму тие ја имаат формирано Државната видео лотарија во 2014 година, фирма која во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше загубар денес е меѓу најуспешните компании во државата.

Во однос на Законот за игри на среќа, токму ВМРО-ДПМНЕ во 2011 го донесе тој Закон за кој денеска лицемерно обвинува, закон со кој се дозволи неограничен број на уплатни места, и поставување слот-машини во секоја обложувалници, наместо само во казина како што беше претходно.

Во отсуство на идеи и програма, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да продуцира непостоечки скандали за нешто што е редовна пракса на компанијата.

Уште еднаш се потврдува лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет