Градоначалникот Дудуш призна вина за напад, а за казна доби „судска опомена“ и парична казна чија висина ќе се утврди на друго судско рочиште

Објавено на 17.01.2020 во 11:49:59 часот | Македонија

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, денеска во Кривичниот суд призна вина за нападот на Демир Исмаил, и рече дека жали за стореното.

По признанието на градоначалникот, судијата Ѓоко Ристов, му изрече казна „судска опомена”.

Оштетениот Исмаил рече дека и покрај признанието на вина, во друг судски спор ќе бара парична оштета од Дудуш. Парите најави дека ќе ги донира во хуманитарни цели.

Демир Исмаил кој е претседател на Европската ромска дијаспора „Асва“, го обвини Дудуш, дека го нападнал за време на одржувањето на ромскиот бал. Исмаил смета дека причина за нападот е тоа што неговата организација донира храна и облека за жителите на општината, но тоа не му се допаднало на Дудуш и се обидувал да го спречи.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет