Откако доби отказ во Централен Регистар, полицијата го привела заканувачот на новинарки Емил Јакимовски

Објавено на 17.01.2020 во 17:21:59 часот | Македонија

Полицијата го приведе Емил Јакимовски. Засега нема информации која е причината за неговото приведување, но против Јакимовски кој беше вработен во Централниот Регистар, имаше повеќе пријави кои лицето ги имало за семејно насилство, но и по последните пријави на новинарките Мери Јордановска од „А1он“ и Искра Коровешовска од „ТВ Алфа“ за навреди и закани преку социјалните мрежи, неофицијално дознава „Фокус“.

Од Обвинителството за Фокус објаснуваат дека Јакимовски не бил приведен по нивна наредба бидејќи Министерството за внатрешни работи се уште нема поднесено кривична пријава против Јакимовски до Обвинителството. Според неофицијални информации најверојатно полицијата постапува за обезбедување на докази за кривична пријава против Јакимовски.

Пријавите во полиција против Јакимовски биле поднесени од повеќе лица, но има и од институции.

И Централниот регистар соопшти дека директорката Марија Бошковска Јанковска, но и други вработени во институцијата имале закани од Јакимовски кој е избркан од работа поради злоупотреба на боледување и нарушување на угледот на институцијата.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет