И КЛИСАРЧЕТО Е СВЕСНО ДЕКА ВМРО ЌЕ БИДЕ ПРЕГАЗЕНО - Апасиев: Мицкоски требаше да прифати брзи избори без техничка влада, вака се изгуби моментумот

Објавено на 17.01.2020 во 22:00:34 часот | Македонија

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев во вечерашното гостување на телевизија Алфа рече дека политичка грешка на ВМРО-ДПМНЕ е што не прифати брзи избори без техничка влада.

 -Имаше зафрканција во некој весник дека Владава е пиротехничка, а не техничка. Нашиот Устав не познава техничка Влада, туку беше вметната со политички договор. Тоа покажува дека работите треба да ги решаваме во Собранието, а не надвор.

ДПМНЕ беше зезнат со тоа што прифати брзи избори во април. Мицкоски требаше да прифати брзи избори без техничка влада. Тоа е политичка грешка на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи го изгуби моментумот. Ако имавте избори веднаш после дебаклот на СДСМ со недобивање датум, тоа кај народот ќе беше свежо. Вака се изгуби моментумот, смета Апасиев.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет