Дирекцијата за лични податоци: Трипуновски снимаше неовластено, може да се окарактеризира и како мобинг

Објавено на 17.01.2020 во 23:51:38 часот | Македонија

Според Дирекцијата за заштита на личните податоци денешното објавување на  снимката на ненајавената контрола на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски во едно подрачно одделение е неовластено снимање, па дури и мобинг.

Од таму за ТВ 21 велат, дека дополнителниот заменик министер Трипуновски можел да снима, доколку намерата му била да види дали се почитуваат работните обврски, но не смеел да ги покажува лицата на луѓето кои се вработени таму, а потоа видеото да го дисрибуира до медиумите и на неговата фејсбук страница.

Од таму велат дека постапката може да се окарактеризира како неовластено снимање, па дури и мобинг.

Во Македонија постои закон за приватност на вработените во приватен или јавен сектор, а ова секако е спротивно на тој закон.

Во дел од законот се вели, дури и да има потреба за снимање или инсталирање на видео опрема во просториите на одредена компанијата и институцијата, работодавецот мора да за тоа да ги извести вработените.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет