СИМОН ТРПЧЕВСКИ НЕ ПРЕКИНАЛ КОНЦЕРТ ВО ШТИП, ТУКУ СЕ ПОЖАЛИЛ ДЕКА СИТЕ ИЗМРЗНАЛЕ: ШТИПСКИОТ ЦЕНТАР НА КУЛТУРА „АЦО ШОПОВ“ СО ГОДИНИ НЕМА ГРЕЕЊЕ ОТИ СЕ УКРАДЕНИ СИТЕ 50 РАДИЈАТОРИ

Објавено на 18.01.2020 во 12:03:32 часот | Македонија

ШТИПСКИОТ ЦЕНТАР НА КУЛТУРА „АЦО ШОПОВ“ СО ГОДИНИ НЕМА ГРЕЕЊЕ ОТИ СЕ УКРАДЕНИ СИТЕ 50 РАДИЈАТОРИ

На крајот на декември, на последниот завршен концерт на учениците од Средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ што се одржува при крајот на секоја календарска година во Штип, беше поканет и македонскиот пијанист со светска карирера Симон Трпчески. Тој настапи со неколку композиции, но по завршувањето на концерот не го криеше незадоволството дека салата на „Ацо Шопов“ во Штип е студена, па тој и сите учесници измрзнале и рече дека сите, и вработените и гостите, се херои. (Фото: СДК.МК/принтскрин од видео)

Центарот на културата „Ацо Шопов“ во Штип со години нема греење затоа што се украдени радијаторите, вели еден од вработените во Центарот, драматургот Трајче Кацаров. Тој ни рече  дека вработените со години бараат решение, но дека надлежните служби се глуви на сите нивни пријави.

„Центарот за култура нема затоплување со години затоа што сите радијатори преку ноќ или за кратко време едноставно ги снемало. Останаа само цевките, а над 50 радијатори изчезнаа како да се однесени некаде за старо железо. И покрај пријавите, никој досега нема одговор каде завршиле радијаторите и кои се сторителите“, вели Кацаров.

Според него, вработените во Центарот и оваа зима ќе ја поминат во студени канцеларии затоа што и електрични затоплувачи не можеле да користат. Работното време им поминува во канцелариите и драмските сали во дебели зимски облеки, а дел од вработените веќе биле разболени.

На крајот на декември, на последниот завршен концерт на учениците од Средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ што се одржува при крајот на секоја календарска година во Штип, беше поканет и македонскиот пијанист со светска карирера Симон Трпчески. Тој настапи со неколку композиции, но по завршувањето на концерот не го криеше незадоволството дека салата на „ Ацо Шопов “ во Штип е студена, па тој и сите учесници во вистинската смисла на зборот измрзнале.

„ Пред една деценија настапив во Прилеп каде додека свирев се греев со греалка покрај клавирот. Овде каде исто така настапувам по 10-11 години, ниту греалка нема затоа што пред концерот ги слушнав техничките лица дека во некои простории струја немало. Сите надлежни служби и градски татковци треба да сфатат дека на културата и образованието не смее да се штеди. Иронично ќе кажам дека од утре вработените во надлежните институции ќе работат без греење, исто како што сега музичарите овде на сцена се без греење. И затоа сите овде треба да ги прогласиме за херои“ , рече маестро Трпчески во декември, пред својот настап во Штип и на крајот аналогно на студената атмосфера во салата ја кажа последната песна на Блаже Конески „Зимско утро“ .

„Не само Симон, туку измрзнаа и младите музичари од училиштето, кои го имаа традиционалнииот новогодишен концерт како завршна манифестација од нивното образование во годината што изминала. Измрзна и публиката која до последното место ја исполни големата, но студена сала на ‘Ацо Шопов’“, вели Кацаров.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет