Ми се допаѓа упадот на Трипуновски, така треба да прават сите министри за да ја разбуцаат малце таа улегана бирократска аристократија!

Објавено на 18.01.2020 во 12:06:08 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Смешни ми се критиките на онаа агенција за заштита на лични податоци, па заменикот министер не отиде бре дома да ги слика голи како се тушираат или сексаат?!

Он ги снимаше на работно место каде имаме право СИТЕ ДА ГИ СНИМАМЕ БИРОКРАТИТЕ за тоа како работат за наши пари?!?!

Какво е ова лудило?! И СДСМ малце се претера во ПР налетот па испаднаа малце смешни на темава.

Не само што не треба да се критикува Трипуновски туку треба да се поздрави за овој потег и сите од СДСМ треба исто да прават, да влетуваат со камери по тоа дувлата и гнездата бирократски каде илјадници бирократи се на топло улегани и речиси ништо не работат.

Ова е децениски вековен проблем со бирократијата и ми се допадна обидот на Грујо да направи нешто во таа сфера па ги стави оние копчињата со смајлиња за да притискаме на нив ако сме задоволни или незадоволни од услугата во државната администрација, но тоа некако замре како систем и се си е пак по старо.

Напред Трипуноски и напред сите министри и заменици кои ќе удрат малце по тоа заспаната администрација за народот да ја добие услугата за која плаќа 3 пати, еднаш со даноци, втор пат преку митото и корупцијата за да добие каква таква услуга и трет пат со парите кои се крадат од овие бирократи со разни месстени тендери и други малверзации...

Мактел.мк е провладин портал но сепак нема да се воздржиме да подржиме се што е добро од опозицијата и нема да се срамиме да критикуваме кога СДСМ ќе направи грешка.

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија