РОДИ МЕ МАЈКО ВО СЕЛО ЗЛОКУЌАНИ ПА ФРЛИ МЕ НА ВОДНО: Замисли живот во кој најголем проблем ти е што во извод ти пишува место на раѓање Село Злокуќани, па уште имаш и моќ тоа да го смениш со закон у собрание, еј 4 партии да излобираш, партии кои се завојувани како во прва светска војна!

Објавено на 18.01.2020 во 12:30:46 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Вечер некаде на Водно, Капиштец, Центар, Тафталиџе, елитната населба Бардовци...

Седат мајка и татко тазе истуширани во свилени пењоари, елката голема како куќа во Кратово...

- И сега кажи ми до кај сме со овој проблемот, детето веќе дење и ноќе плаче...

- Ти кажав, зборев со лидерите на сите 4 партии, вртев телефони ќе им дадам на сите партии донации за следните избори, ми ветија дека закон ќе има за многу бргу...

- Ајде жити се, не сакам да го гледам детето како се нервира, ќе му се јават брчки уште сега, па уште сега ли да го праќам кај доктор Анчевски на лифтинг?

- Ќе биде бре жено, дај сега барај види дали да идеме на Малдивите или на Карибите да избегаме малце од ладново...

И така, се решаваше најголемиот проблем на Скопската елита. Децата им биле родени во Систина во 2010-та и сиротите во извод им пишувало Село Злокуќани. Ебати која ли е тоа траума човече!!!

Колку ли им бил нарушен ЈИН-ЈЕНГОТ, ЗЕН - БУДИЗМОТ, на овие семејства! 

Кога скијале по Алпите, кога пливале по Миконос, кога глатко крузирале со најновиот Ленд Ровер или Порче Кајен од 100 000е, каква ли е тоа било језива тишина во лимузината поради оваа ебена непреавда.

Ебати таков живот кога ова ти е најголем проблем па мора собрание да го решава, во време кога партиите се завојувани како алијансите во првата светска војна.

Каква ли е тоа само моќ и забеганост да фатиш да лобираш за вакво банално срање.

И после ќе рече некојо животот е фер за сите, ма иди бре у пизду лепу материну. Па овие деца ако родителите можеле ова да им го излобираат, тогаш само прашање е дали ќе студираат на Харвард или Оксворд и дали ќе бидат директори на Стопанска или Шпаркасе или дирек гувернери или министри или премиери...

Оди ти ова објасни го на некој од Кратово со родители радничка класа, спореди го негоивоиот живот по скапани студентски бараки и живот без пари и врски и без ниту насоки и совети како да се снајдеш како да бидеш итар снаодлив за да успееш во животот...

Но тоа е, едните ќе одат низ животот со ракета едните со криво магаре и после ќе си ги мериме кој колку е паметен и способен...

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија