Албанскиот народ и албанската кауза му должат многу на ова старче кое со една кафана успеа да излобира за Албанците повеќе од сите дипломати и политичари

Објавено на 19.01.2020 во 10:39:26 часот | Свет

Се вика Антони Атанас. Дошол на само 18 години од Албанија во Америка. Земал на заем пари, некако се снашол и отворил кафана на напуштено пристаниште во Бостон во 1963-та.

Кафаната станува најуспешна кафана во Америка со приход од 12 милиона долара годишно.

Почнуваат да доаѓаат од американската елита, од филмски ѕвезди до претседатели. Бостон е седиште на интелектуалната елита на Америка, таму се наоѓаат универзитетите Харвард и МИТ од каде потоа се регрутираат сите врвни политичари и менаџери на најголемите компании во САД.

Со парите, моќта, престижот и славата тој организирал донаторски конференции за сите претседатели без разлика од која партија се, републиканци или демократи, и со децении лобирал за Албанците и Албанската кауза, и тоа резултираше да во 1999-та Америка застане цврсто зад Албанците и реши да ја бомбардира Србија и Црна Гора за да го натера Милошевиќ да дозволи независно Косово.

Од тоа негово лобирање за малце и ние ќе го изедевме стапот, за малце УЧК ќе ја отцепеше западна Македонија, но некако успеавме да го тоа решиме мирно со Рамковниот Договор од Охрид.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија