Навални за Путин: Сите кои мислеа дека тој ќе замине во 2024. се идиоти

Објавено на 19.01.2020 во 11:25:14 часот | Свет

Одлуката на премиерот на Русија Дмитри Медведев да ја распушти владата го шокираше светот, а многумина се прашуваат која е заднината на оваа објава која следеше само неколку часа откако претседателот Владимир Путин предложи уставни измени со кои поголеми овластувања ќе добие владата и парламентот.

Се огласи и ривалот на Путин, Алексеј Навални.

– Главната порака од обраќањето на Путин: Сите кои мислеа дека тој ќе замине од власта во 2024 година се идиоти. Да остане лидер цел живот, да го преземе владеењето над цела држава и да го присвои богатството за себе и пријателите е единствената цел на Путин и неговиот реќим – напиша Навални.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија