БОМБА НА ОРДАНОВСКИ: ЈА НЕ РАЗБИРАМ КАКО ВМРО ДПМНЕ ВООПШТО СЕ НАДЕВА ДА ПОБЕДИ НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ, ЗАРЕМ ИМА ТОЛКУ БУДАЛИ ГЛАСАЧИ ВО ЗЕМЈАВА?!?!

Објавено на 20.01.2020 во 09:27:15 часот | Македонија

 

Со оглед на овие околности, зошто опозицијата треба да ѝ помогне на власта таа да ќари уште некој предизборен поен со изгласување нов Закон за обвинителство (со кој би си продолжиле гонењата на целата криминално осомничена партиска елита за познатите злоупотреби на власта во претходниот мандат) или со помагање на процесот за отворање на преговори со ЕУ?!

Ова се и причините поради кои ЕУ не инсистира на донесување на нов Закон за обвинителството, бидејќи го разбира логичниот отпор на опозицијата. Тоа е како кога би ги терале на закажаното бесење тие да си понесат и сопствена ортома. Не се во Брисел толку будали, а и не мислат дека овде има такви будали.

Што значи дека на изборите одиме со, барем една, иста тема како и на претходните: правната држава. Единствено не разбирам на кој начин ВМРО-ДПМНЕ се надева дека е во предност пред СДСМ токму на таа тема?

Тоа што власта не покажа способност за половина нормален мандат да го реформира судството, а иницираше расчистување на „Рекет“ со брзина и судски интензитет кои се „светлосно“ побрзи во споредба со кој било предмет од големото правосудно портфолио пред кое се исправени десетици првенци од власта на Груевски, како ја прави тоа опозицијата надежна или, дури, и „амнестирана“, за таа да се врати на власт и да ги решава проблемите со македонското правосудство? Па, гледаме деновиве, уште и „од високо“, „стручно“ и со ароганција да се коментира неспособноста на СДСМ за поголема ефикасност во тие реформи?!

Којзнае, можеби тоа трикче и ќе помине на следните избори. Можеби во Македонија има доволно будали кои, заради оваа тема, би ги гласале да се вратат на власт.

Линк до целата колумна, овде.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет