Oпштина Лозово ќе ја вработи Атиџе и ќе ѝ го смени покривот на куќата

Објавено на 20.01.2020 во 17:33:16 часот | Македонија

lozovo

Денес општина Лозово ја посети нашата национална хероина Атиџе Муратова, Ѕвездата од „Медена земја”.

🍀 Среќна, насмеана и радосна од веста што општина Лозово и јас како Градоначалник дадовме ветување дека ќе се погрижиме за куќата на Атиџе да добие нов кров.

По завршување на турнеите и земањето на🏆🏆 оскарите, Атиџе ќе биде работно ангажирана во општина Лозово.

Исто така ветив, дека нејзините две песни, ќе бидат обработени целосно со музички 🎼аранжман и ќе може да ги испее и сними професионално во музичко студио.

Фејсбук статус на градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски

 

 

loading...

 

Македонија

Свет