Е ОВА Е ЛЕВИЦА: Државата одвои 10 милиони евра за подобрување на социјалните услуги на општините

Објавено на 20.01.2020 во 23:46:23 часот | Македонија

Министерството за труд и социјална политика ги повика општините кои претходно на јавен повик изразија подготвеност да развиваат социјални услуги на локално ниво да се пријават на јавниот повик за финасирање на проектот за развој на услугите, за што се обезбедени вкупно 10,8 милиони евра за период на имплементација од пет години.

Како што информира Министерството за труд и социјална политика на чело со Мила Царовска, една од главните цели на Проектот е развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, согласно со потребите на граѓаните и зголемување на пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица.

Приоритетни социјални услуги кои ќе бидат финасирани се: услугите во домот-лична асистенција и помош и нега во домот, како и услугите во заедницата-дневни услуги/дневни центри и поддржано живеење.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет