Сопругата на претседателот на ЗНМ направи магистерски труд на тема ЛАЖНИ ВЕСТИ И ПРОПАГАНДА

Објавено на 21.01.2020 во 12:24:55 часот | Македонија

Благодарна до мојот ментор Мирко Трипуноски кој се согласи да ја истражувам оваа тема.

Благодарна до моето семејство за поддршката и разбирањето, изминативе две години додека се посветив на истражувањето на трудот.

Благодарна на сите кои вчера издвоија од своето драгоцено време за да ја проследат презентацијата за одбраната на мојот труд.

Ова е само почеток. Барем така посакувам и ќе се трудам. Неопходно е она што е пренесено на страниците, да се преточи во пракса со цел навистина сите да можат да ја препознаат лагата, манипулацијата и пропагандата, брзо и лесно, а на тој начин да не бидат веќе никогаш, нечиј плен од разни теории на заговор и калкулации.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет