ЗА ВИЗИОНЕРСТВОТО И ПОЛИТИЧКАТА ГЕНИЈАЛНОСТ НА ЗОРАН ЗАЕВ КОЈА ВМРОВЦИТЕ СКАПО ЌЕ ЈА ПЛАТАТ!!!

Објавено на 21.01.2020 во 12:53:08 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Синоќа на Алфа ТВ, куртон Латас даде широка анализа за политичката сосотојба во земјата и што ќе се случува на изборите на 12-ти април.

- ВМРО ќе победи, па кај сте виделе во Европа социјалдемократска партија каде на прес ќе се појави забулена жена?!?! СДСМ е тотално изгубено и ќе изгуби драстично. - беседеше Латас.

Чудно е како може некој да е 30 години во медиумите и пак да е дрво и анти талент за политика.

НЕ САМО ШТО НЕМА ДА ИЗГУБИ, ТУКУ СДСМ ЌЕ ПОБЕДИ БАШ ПОРАДИ ТАКВИТЕ КАКО МЕРСИХА, НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ ЈАСМИН И ОСТАНАТИТЕ АЛБАНЦИ, ТУРЦИ, БОСАНЦИ, ТОРБЕШИ, РОМИ, ВЛАСИ, СРБИ, БУГАРИ ИТН ИНТ КОИ ЌЕ ГЛАСААТ ПАК ЗА ЗОРАН ЗАЕВ!!!

Просто е несфатливо како ова не можат да го разберат едни куртони како Миленко, Ефтов, Мирка, Латас и остала багра, а толку е просто?!?!

Потегот на СДСМ да стави на прес забулена жена муслиманка е навистина револуционерен и визионерски потег.

Груевски проба да се отвори кон муслиманите со луѓе како Нола Исмајловска и Рамчиловиќ но тоа не беше успешно затоа што овие ја криеја својата исламска вера се појавуваа во цивилна облека, беа еден вид ИСПРАНИ.

Но Мерсиха се појави како жена муслиманка гордо и симболички ја испрати пораката дека СДСМ нема да биде ЛАЖНО отворена кон малцинствата како што тоа беше случајот со ВМРО каде муслиманите и ромите беа само за украс додека пак се пееја песни за чистата ГОЦЕВА РАСА, во СДСМ се пее друга песна на ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ и се додека ВМРО не најде одговор на оваа политичка филозофија на Заев, ВМРО ќе губи и ќе губи, ДУРИ И АКО СЕ ДИСТАНЦИРА ОД ГРУЕВИЗМОТ, што и тоа не е случај!!!

Зоран Заев дури успеа и да им ги украде Бугарите на ВМРО ДПМНЕ, нешто што беше незамисливо порано, па едно 50 до 100 000 Бугари и Бугарофили во земјава сега гласаат за прв пат за СДСМ иако со децении гласале за ВМРО ДПМНЕ!

Е тоа е визионерството и политичката ГЕНИЈАЛНОСТ на Зоран Заев!!!

Овие потези може дури да се сметаат и за РЕВАНШ на политиките на Груевци и ВМРО ДПМНЕ кои се обидоа да ги земат пензионерите кои беа стандардно гласачко тело на СДСМ, додека обично младите беа базата на ВМРО ДПМНЕ. Но се случи нешто во 12-те години режим, па младите поврзани на интернет се свртеа против ВМРО а старцие седнати пред телевизорите голтаа пропаганда во огромни колични и станаа ВМРОВЦИ на стари години иако самите беа партизани во втора светска војна и се бореа против истите тие вмровци облечени во бугарска униформа.

Па се сеќавате на оние сите поволности кои се нудеа на пензионерите само да гласаат и понатаму за режимот, разни бањи, слободен превоз во ЈСП, покачување пензии итн итн...

СДСМ беше оставен на едно 300 000 храбри комуњари кои за жива глава не се предаваа но како да се стигне до 450 000 за да се формира влада? И тоа во услови на диктатура, тотална иако кадифена и мека, без убиства и масовни апсења?!

Тука стапува на сцена генијалноста на Заев, подава рака кон Албанците, Муслиманите и Бугарите. Србите ги остава длабоко загрнати во романтична прегратка со ВМРО ВАЉЕВО!

И тука стигаат едно 120 000 гласови од малцинствата на кои им е збоктисано од Груевски!

И Заев продолжува да игра на таа карта а ВМРО ДПМНЕ се уште не знаат што ги снашло, гледам и нивните СТРАТЕЗИ се наоѓаат изгубени како гуски во магла во мочуриштата во Кентаки!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија