ПЕНДАРОВСКИ ВО ЧЕТВРТОК ЌЕ БИДЕ ВО ДРУШТВО НА МАКРОН, ПУТИН, МАЈК ПЕНС, ШТАНМАЈЕР, ПРИНЦОТ ЧАРЛС, НЕТАНЈАХУ И УШТЕ 40 ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ДРЖАВИ ВО ИЗРАЕЛ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ХОЛОКАУСТОТ

Објавено на 21.01.2020 во 14:25:50 часот | Македонија

Мактел дознава дека претседателот Пендаровски е меѓу поканетите и ќе учествува на 5-от по ред ХОЛОКАУСТ ФОРУМ кој се смета за светски ден на холокаустот кој ќе се одржи во Тел Авив, Израел.

Оваа година тоа ќе се погоди на 75 години од ослободувањето на Аушвиц, најозлогласениот концлогор каде беа убиени милиони Евреи во втората светска војна.

Од балканот најмногу настрада градот Солун од каде беа буквално исчистени над 60 000 Евреи кои живееја во градот со векови откако се доселија таму по прогонот од Шпанија.

Дознаваме дека на форумот ќе земат учество Мајк Пенс, Макрон, Путин, Штајнмаер, Принцот Чарлс, Кралот Филипе и многу други шефови на држави, кралеви и принцови.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет