МОН ги условува универзитетските професори: Да формираат синдикат за да добијат зголемување на платите

Објавено на 21.01.2020 во 18:54:52 часот | Македонија

Универзитетските професори ќе добијат покачување на платата од 10 отсто само во еден случај. Како што порачаа од Независниот академски синдикат, од Министерството за образование и наука ги советувале да формираат Синдикат на вработените на УКИМ.

За универзитетските професори кои се дел од НАкС, оваа одлука е скандалозна, а капак на сето тоа, како што велат, е покачување на платата од само 10 отсто.

-Ова е атак врз синдикалното здружување, газење на секој интелект. Ние знаеме дека тоа ќе се искористи од политичките партии, истакна професорката Мирјана Најчевска.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет