Петте национални телевизии (Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат- М) здружени во ММА (Македонска Медиумска Асоцијација) втор ден денеска ги бојкотираат активностите на министрите и на владата.

Вчера тие ги спуштија камерите и не ја снимаа прес конференцијата на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Во исто време, во вестите на телевизиите со национална фреквенција, веќе два дена не се емитуваат прес конференции на министрите.

Како што дознаваме, ваквиот радикален чекор телевизиите го презеле поради неисполнетите ветувања за помош преку министерството за култура, но и поради лошиот однос на владата и Роберт Поповски кон новинарите.

Ова е класичен рекет за да се докопаат до милиони евра од буџетот како што цицаа 10 години во времето на Грујо и очиглендо е дека станале зависни од тие милиони и сега не можат да направт профитабилни медиуми, не знаат како?!?!