МАКТЕЛ ПРОВЕРИ КАЈ БЛИСКИ ЛУЃЕ НА ШЕКЕРИНСКА: ВИЦЕ ПРЕМИЕРКАТА НЕМА НАМЕРА ДА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПОЛИТИКАТА КАКО ШТО ШПЕКУЛИРААТ НЕКОИ ОПОЗИЦИСКИ ПОРТАЛИ!

Објавено на 23.01.2020 во 16:39:14 часот | Македонија

Не успеавме да ја добиеме вице премиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, но успеавме да ги исконтактиравме нејзините најблиски партиски соработници и нејзини блиски од приватниот живот и дознавме дека се тотални шпекулации сториите кои деновиве ги лиферуваат некои опозициски медиуми дека вице премиерката планира пензионирање од политиката.

Злонамерно тие стории потоа се калемат во стилот дека таа прва бега од бродот што тоне, а вистината е дека нити бродот тоне нити некој бега, туку СДСМ ќе прави пак влада и тоа го знаат и малите деца.

Но овој период ќе се изнаслушаме вакви злобни шпекулации дека некој ќе бега дека некој со некого се скарал дека некој е тешко болен дека некој ќе се разведува итн итн, машината за лажни вести ќе се загрее и очекувајте следните месеци секакви лудости да слушнете во медиумите за водечките политичари во земјава!

 

 

loading...

 

Македонија

Свет