ГАЗИ БАБА СЕ ГРИЖИ ЗА СИРОМАШНИТЕ!

Објавено на 23.01.2020 во 17:23:08 часот | Македонија

Многу граѓани имаат потреба од финансиска поддршка за справување со одредени тешки здравствени или социјални потреби.

Токму затоа имаме одвоено средства во буџетот како социјален фонд, преку кои даваме еднократна помош на граѓаните кои за тоа имаат потреба.

Во #БуџетЗаСите2020 одвоивме 1 милион денари за оваа намена. Потребно е брзо донесување на буџетот, за да можеме да помогнеме на овие граѓани.

 

Оваа година повторно во #БуџетЗаСите2020 го имаме предвидено проектот за инклузија на дечињата Роми во детските градинки, за што се предвидени 250.000 денари.

Буџетот на општината се грижи за сите граѓани. Носи развој и напредок на општината. Потребно е Советот без одлагање, во брз рок да го донесе буџетот на општината за 2020 година, за нормално функционирање на општината.


Сите ние имаме обврска да кажеме НЕ на семејното насилство, но и на било кој вид насилство. Како општина сме презеле обврска институционално да помогнеме на лицата жртви на семејно насилство.

Секоја година обезбедуваме поддршка на центри за борба против семејното насилство, кои нудат помош и заштита на лицата жртви. Обезбедивме 200.000 денари во #БуџетЗаСите2020, кои се повеќе од потребни за работа на овие центри.

Затоа потребно е брзо носење на буџетот од страна на Советот, без одлагање.

 

 

 

loading...

 

Македонија

Свет