ХАХАХА, ЗАЕВ БИЛ ХИБРИДЕН ДИКТАТОР, ПА ДА БЕШЕ, ЌЕ СЕ ДРЗНЕА ЛИ СИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ ДА ГО БОЈКОТИРААТ И РЕКЕТИРААТ, ТУКУ НАШЛЕ МЕК ДЕМОКРАТСКИ ПРЕМИЕР ПА СЕ ОДНЕСУВААТ КАКО ВОЛЦИ ВО СЕЛО БЕЗ КУЧИЊА!

Објавено на 24.01.2020 во 10:11:43 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Можете ли да замислите во Груевизмот, Сител, Канал 5 и останатите да се дрзнат и да ја бојкотираат владата?!?!

Па уште утре алфи, тигри, ЕБР, АРМ, УЈП, АХВ и останатите полициски единици, инспекции со хеликоптери ќе се истовараа на нивните кровови во голема операција за сузбивање на организиран криминал!!!

Ќе им се судеше во големи спортски сали и ќе изедеа по 20 години затвор, секој!

Но сега нашле мек демократ премиер, односно лидер на владејачка партија, па се понашаат како волци во село без кучиња, аздисуваат, бараат преку леб погача!

Ај што не им се бара да ги вратат парите, десетиците милиони кои ги испумпаа од народната каса за време на Груевизмот, туку мртви ладни, без око да им трепне, пак бараат милиони евра од буџетот?!?!

Па се дрзнале и да ја бојкотираат владата, чист рекет на отворено пред сите?!?!

ПА ВО ШТО Е ТУКА БОКИ 13-КА ПОЛОШ ОД НИВ, ОН РЕКЕТИРАЛ ОЛИГАРСИ, ОВИЕ ЈА РЕКЕТИРААТ ВЛАДАТА ЗА ДА УКРАДАТ ОД НАРОДНИТЕ ПАРИ?!?!

Ако е нешто добро од сето ова, барем паднаа во вода овие смешни тези дека Заев бил хибриден диктатор. Да беше, телевизиите имаше да играат ПИПЕРЕВКА а не вака да се понашаат како аздисани каубојци во село без шериф!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија