ЛУКАРЕВСКА: КРИВИЧНА ЗА „ТОМАТО ПРОДУКЦИЈА“ ВЕЌЕ Е ДОСТАВЕНА ВО ЈО, А ДЕНОВИВЕ ЌЕ БИДЕ ДОСТАВЕНА И ЗА „БМЈ ГРУП“

Објавено на 24.01.2020 во 20:05:43 часот | Македонија

Уцените, заканите, заплашувањата се минато и секоја реформа, услуга, мерка којашто ја спроведува и нуди Управата за јавни приходи, е доказ дека во изминатиов период градиме партнерски однос со даночните обврзници и целосно сме ставени на нивна услуга, вели директорката на УЈП, Сања Лукаревска во интервју за Стандард.

За случајот „Рекет“ таа вели дека од наодите на Управата произлегле 3 кривични пријави, од кои едната, за „Томато продукција“, е веќе доставена во Јавното обвинителство, а деновиве ќе биде доставена и кривичната пријава за „БМЈ Груп“, а во тек и завршување на изготвувањето на кривичната пријава и за Меѓународниот Сојуз.

За обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека „МојДДВ“ е една од низата на популистички мерки на оваа Влада без ефект за граѓаните, таа вели дека тоа е популарна мерка, прифатена од народот и граѓаните веќе ја имаат како дел од нивното секојдневие, апликација со која се дружат, придонесуваат за намалување на сивата економија и добиваат пари назад како поврат од платениот ДДВ и веќе ги чувствуваат придобивките.

– Граѓаните се повеќе имаат доверба во оваа мерка и освен парите кои ги добиваат на нивната трансакциска сметка, свесни се и за нивниот придонес за намалување на сивата економија и тоа го знаат и тие кои неосновано критикуваат, вели директорката на УЈП.

За престојните избори, Лукаревска искрено верува дека граѓаните ги препознаваат искрените заложби и напори на Владата со цел да се обезбеди подобар живот за сите, во една напредна европска земја.

Целото интервју прочитајте го на следниот линк!

 

 

loading...

 

Македонија

Свет