РАДУЈ СЕ НАРОДЕ, МАФИЈАТА КЛЕКНА НА КОЛЕНА, ЈОВО ПРЕВАРА ПРЕД ОДЕЊЕ ВО ЗАТВОР: ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИСТРАЖУВА ЗЛОУПОТРЕБИ, НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ И ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ПРАВДАТА ОД ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ, ОТКАКО ВО НЕГОВИОТ КАБИНЕТ СЕ НАЈДЕНИ 50-ТИНА ПРЕДМЕТИ ВО ФИОКА

Објавено на 24.01.2020 во 20:42:19 часот | Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИСТРАЖУВА ЗЛОУПОТРЕБИ, НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ И ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ПРАВДАТА ОД ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ, ОТКАКО ВО НЕГОВИОТ КАБИНЕТ СЕ НАЈДЕНИ 50-ТИНА ПРЕДМЕТИ ВО ФИОКА

Претседателот на Судскиот совет Киро Здравев побара акција не само од Обвинителството, туку и од Антикорупциската комисија преку имотната состојба, за да се види дали Вангеловски и непотпишаните врховни судии, го правеле тоа за пари. - Јово Вангеловски (Фото: СДК.МК)

Јавното обвинителство во предистражна постапка испитува кривична одговорност кај поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски кај кого се затекнати 57 одамна завршени, како и непотпишани предмети поради кои странките претрпеле штета во однос на разумен рок на судењата, како и за неостварување на нивните права со чувањето на нивните предмети во фиока.

Се испитуваат и причините зошто на пример четворица врховни судии од петчлениот кривичен совет ставиле потписи на заглавените предмети, а еден не и кои се тие врховни судии што блокирале.

Јавното обвинителство бара евентуална одговорност и кај административната служба за непостапување по фатените предмети во канцеларијата на Вангеловски.

Меѓу тие предмети има и такви од 2015, 2016 и 2017 година. Има и од 2018 и 2019. Оштетените странки ќе имаат право на отштета.

Претседателот на Судскиот совет Киро Здравев побара акција не само од Обвинителството, туку и од Антикорупциската комисија преку имотната состојба, за да се види дали Вангеловски и непотпишаните врховни судии, го правеле тоа за пари.

Обвинителството испитува индиции за злоупотреба на службената положба, несовесното работење во службата и попречување на правдата од страна на Вангеловски и евентуално од врховни судии кои со години не ги потпишувале предметите и поради тоа пресудите не се објавувале.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет